Напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ направи наивен старт во 38-та минута покрај аут линијата и беше санкциониран со директен црвен картон од главниот судија. Тој од херој лесно можеше да стане трагичар ако фудбалерите на Исланд успеаја да го израмнат резултатот и обезбедат пласман на мундијалот во Бразил. Токму со неговиот погодок „коцкастите“ поведоа со 1-0, а Срна на стартот од вториот дел ја запечати победа што значеше виза за Бразил.

Судбината на Манџукиќ е во рацете на ФИФА, која треба да ја одреди суспензијата за директниот црвен картон на хрватскиот интернационалец.

Мх.П.