Кратко, само четири месеци траеше тренерската авантура на Гери Невил во екипата на Валенсија. Во четиримесечниот манда, Невил воопшто не се прослави забележувајќи само десет победи во вкупно 28 натпревари. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“ призна дека згрешил, што не ги применил советите од легендарниот менаџер Сер Алекс Фергусон.

На почетокот, беше јасно дека некои фудбалери се незадоволни. Требаше да направам некои одлуки за тие кои не беа посветени кон клубот. Се сеќавам дека зборував со Сер Алекс Фергусон и тој ми даде едноставен совет: ’Ослободи се од нив, сине, заштити се. Само тие кои се во иста насока како тебе треба да играат’. Но, него слушав. Се обидов да бидам дипломатски расположен и згрешив. – изјави Невил.

За Невил, водењето на Валенсија беше прво и последно тренерско искуство бидејќи не се обиде уште еднаш да менаџира екипа од аут линијата. Невил во Валенсија работеше од декември 2015 до март 2016 година. Моментално е стручен аналитичар на Скај Спорт.

Инаку, Фергусон беше познат по нетрпеливоста на темпераметни и не послушни фудбалери. Шкотланѓанецот во кариерата на Олд Трафорд поради разно разни причини избрка фудбалер како Пол Инс, Рој Кин, Јап Стам, Дејвид Бекам и Руд ван Нистерлој.

OhridNews