Невладиниот сектор од охридско-струшкиот регион тешко стигнува до пари од ИПА фондовите
12.05.10 16:01
Министерството за локална самоуправа го распиша вториот повик за доставување проектни предлози што ќе бидат финансирани од Програмата ИПА на Европаката Унија. За финансирање на трансрганичните проекти кои заеднички треба да ги реализираат непрофитни организации и институции од Македонија и Алабанија се предвидени 3,5 милиони евра.
– До сега не се искористени средства од ИПА фондовите бидејќи процесот на еволуација за првиот повик е во тек. За овој повик имаме 3,5 милиони евра за проекти кои ќе се имплементираат од двете страни на границата од областа на економскиот развој со акцент на туризмот, за заштита на животната средина и за културни активности, здравство и спорт, истакна Гоце Толески раководител на заедничкиот секретаријат Струга –ИПА програма за заедничка соработка помеѓу Македонија и Албанија. На работилницата посветена на условите за аплицирање, што денеска се одржа во Охрид, тој посочи дека Македонија прва во регионот го лансира повикот за проектни предлози кои се финансираат од ИПА програмата, за што во наредниот период во земјата и во Албанија ќе бидат организиарни повеќе информативни сесии.
Критериумите за добивање средства од ИПА програмата се високи и малку која од невладините организиации од регионот ги исполнува условите за апликација, укажува Ѓоко Апостолов – проект менаџерот во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид.
-На овој повик може да аплицираат сите непрофитни организации, но ќе биде мошне тешко за невладините организации бидејќи доколку сакаат да аплицираат мора да имаат добро досие и одредено искуство во изминатите три години не само од аспект на подготовка и реализација на проекти, туку и да имаат финансиски обрт од 25 до 100 илјади евра во тој период, што е проблем затоа што мал дел од невладините организации во Охрид ги исполнуваат тие услови, рече Апостолов. Според него мошне важно е потенцијалните апликанти да се фокусираат и кон изнаоѓање партнери во Албанија, без што не може да се добијат бараните средства.
Мате Госгоски, екологист, вели дека невладиниот сектор не искористил ништо од средствата од ИПА фондовите предвидени со првиот повик.
-И по една година од повикот се уште немаме информации за проектите за кои аплициравме. Проблем е и неинформираноста, но и тешките услови кои ги поставува Европската комисија за одобрување на средствата, вели Гогоски.
Експертите посочуваат на различните искуства на земјите кои користеле средствата од предпристапните фондови на ЕУ. Полска на пример искористила едвај 20 отсто од предвидените средства, за разлика од Словенија која добила најмногу пари од предпристапните фондови на ЕУ.
На 08112025 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга, едно лице – сопатник во патничко возило „бмв“ го о...
Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани Собрани се вкупно 10944793 ден...
Времето денеска во Охрид ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец Максималната температура ќе достигне 16 степени Во понеде...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.