Овој инцидент е дел од неколкуте нарушувања на редот што се случија вчера во мултиетничка Струга, по протестот што го одржаа верниците од исламска вероисповед, против исмејувањето на муслиманската религија на карневалот во Вевчани, кој инаку мина мирно и без проблеми.
По повод последните случувања во градот, со реакција се јави невладината организација Каприкорн2010-Струга која упати апел до сите граѓани да не подлегнуваат на провокации и да остават проблемите да се решаваат во рамки на надлежните институции.
Воедно Каприкорн2010 го запрашува градоначалникот Рамиз Мерко дали тој лично стои зад идеата за симнување на Државното знаме од јарболот пред Општина Струга и на негово место подигање на знамето од ИВЗ, како и дали градоначалникот Рамиз Мерко со ваквиот чин на искажуванје лажен патриотизам и иредентизам од страна на неговите поддржувачи, ја отпочна својата кампања за локалните избори кои следат наредната година?