Според прогнозата од УХМР, во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови од земјата ќе бидат пообилни. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде од 11 до 19 степени,а минималната од 9 до 15.

Во вторник и среда не очекува сончево време со мала облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе биде од 17 до 23 степени, а минималната од 3 до 11.

Во четврток, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во западните делови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

OhridNews