Околу 25 невработени охриѓани во иднина ќе може да креираат сопствени бизниси со искуствата кои ги стекнаа на обукатата за претприемачи која е дел од прекуграничниот проект „Градење на заеднички патеки за можност за вработување во пограничниот регион”.

Целите и резултатите кои биле постигнати во текот на обуката беа презентирани денеска на завршната презентација на проектот која се одржа во ресторанот ,,Белведере”.


Елизабета Петанова, координатор на проeктот објасни дека во рамки на обуката учесниците креиреле  пет виртуелни компании, за кои постои можност да профункционираат и во релноста.

– Се надеваме дека дел од учесниците , со искуствата кои ги стекнаа во рамки на обуката ќе се пријават за владината Програма за самовработување со која се доделуваат неповратни парични средства во висина од 3000 евра, наменети за почнување сопствен бизнис. Се надевам дека оваа обука ќе им помогне за  зголемување на нивната самодоверба и знаење и дека ќе имаат храброст да го направат првиот чекор за започнување сопствен бизнис, вели Петанова.


Таа истакна дека во рамки на овој проект е отворен и Работен бизнис центар во Охрид, кој има за цел да им помогне на невработените да најдат работа, а на работодавците да најдат квалитен кадар за нивните потреби.

Проектот кој е финансиран Европската унија, го спроведуваше Фондацијата за поддршка на претпријатија – Охрид.

OhridNews