25 млади луѓе деновиве учат како успешно да се справат со финансискиот дел од работењето на нивните виртуелни компании. Тие се дел од втората обука на тема финансии, што во рамки на проектот „Градење на заеднички патеки за можност за вработување во пограничниот регион“ се одржува во просториите на општинскиот Црвен крст.

Една од активностите во проектот е 30 дневна практична обука за невработени лица кои сакаат да отпочнат сопствен бизнис, според ЦЕФЕ методологијата развиена од страна на Германското друштво за техничка соработка. Учесници на обуката се невработени мажи и жени, со средно или високо образование, од Охрид и Струга.


Учесниците се поделени во пет групи и учат како да ги водат нивните виртуелни фирми.Се надеваме дека дел од нив , по завршувањето на обуката ќе се пријават за владината Програма за самовработување со која се доделуваат неповратни парични средства во висина од 3000 евра, наменети за почнување сопствен бизнис. Обуката која ја поминаа учесниците од областа на претприемништвото се надевам дека ќе придонесе за зголемување на нивната самодоверба и знаење и дека ќе имаат храброст да го направат првиот чекор за започнување сопствен бизнис, вели координаторот на проектот Елизабета Петанова.


Проектот кој е финансиран од Европската унија, го спроведува Фондацијата за поддршка на претпријатија – Охрид.

OhridNews