Италија и денеска, од север до југ, е погодена од невреме проследено со пороен дожд, па цивилната заштита издаде портокалово предупредување за областите Емилија-Ромања, каде што реките Секија, Енца и Панаро предизвикуваат посебна загриженост, како и за Сардинија.

Во Емилија-Ромања, општинските власти ги повикаа граѓаните да го ограничат патувањето на минимум бидејќи лизгањето на земјиштето и одроните оставија многу патишта непроодни.
OhridNews











