Невремето проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер, што деновиве го зафати Охрид, оштети повеќе дрвја во градот, а предизвика и проблеми со излевање на шахтите од канализацијата кои не можат да ги примат огромните количини дождовна вода.
Дрво на булеварот „Туристичка“ вчера буквално се преполови во момент кога во близина проаѓале минувачи. За среќа тешката крошна која се срушила на тротоарот не повредила никого.

Невремето им задава главоболки на охриѓани














