Охридското Езеро плени со својата убавина и под вода, особено живописните предели на Заливот на коските каде се испреплетуваат историски артефакти, прекрасни пејзажи и ендемаски жив свет. Можност да ѕирнат малку во подводниот свет на 4 милиони старото Езеро, вчера имаа добитниците на наградната игра на OhridNews и Нуркачкиот центар „Амфора“, Петар Сотироски и Ирена Марин.


Тие задено со поголема група холандски туристи нурнаа во Заливот на коските и ужуваа во „Scuba Discovery“ програмата, која ова лето е вистинска атракција на охридската ривиера. За спомен од Нуркачкиот центар „Амфора“ тие добија подводни фотографии и диплома.


Нуркачкиот центар АМФОРА во Музејот на вода во Градиште е единствен лиценциран центар за обука на нуркачи и нуркачки инструктори во земјава.  Центарот нуди најразлични нуркачки курсеви почнувајќи од основни, па се до напредни обуки за професионалци.

OhridNews