Одамна големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ не била исполнета, како што беше синоќа на станд ап шоуто на познатиот охридски актер и комичар Никола Тодороски. Тој на охридската публика и приреди незаборавна забава, исполнета со креативен хумор и до солзи ги насмеа присутните на шоуто.


„К’јсте бе охриѓани, од кога не се имаме видено во ваква бројка“, беа првите зборови на Никола кон публиката, по што уследи огромен аплауз.


Никола пред охридската публика се претстави со сосема нов ексклузивен материјал, специјално подготвен за третото продолжение на веб-комедијата Идиотека 3, која наскоро ќе започне да се емитува на интернет -порталот OhridNews.


По големото шоу во Охрид за кое што уште долго ќе се зборува, Никола на 19-ти ноември ќе настапи во Универзалната сала во Скопје.

OhridNews
фото: ЕМИЛИО