Незадоволни од најавеното покачување на платите во образованието во висина од 10%, од СОНК најавуваат генерален штрајк што ќе се одржи на 11 ноември.

На ваквиот став СОНК останува доколку владата наместо 10%, не одлучи зголемувањето на платите во образованието да се изврши за 20% и наместо во април, од 1-ви јануари.

Како што велат од СОНК, одлуката се носи сега бидејќи од страна на премиерот било ветено дека за нивните барања ќе има пари во буџетот за 2020 што ќе се носи во декември.

OhridNews