Вчеравечер 40 минути по полноќ, во кафе бар на ул.„Коста Абрашевиќ“ од страна на пет лица бил нарушен јавниот ред и мир.

Пријавените, кои биле под дејство на алкохол, незадоволни што музиката била исклучена, почнале да фрлаат шишиња и чаши кон шанкот, воедно заканувајќи се дека ќе ја демолираат кафеаната. При тоа, го искршиле инвентарот, ја загрозиле сигурноста и предизвикале  чувство на страв и  несигурност кај останатите присутни во објектот.

Од страна на службите при СВР-Охрид лицата  се  приведени и против истите ќе биде поднесен соодветен  поднесок.

OhridNews