Претседателката на градската организација на СДСМ во Скопје, Софија Куновска си поднесе оставка на функцијата. Таа не се најде на листата за пратеници но нејзиното незадоволство, како што јави Телма се однесува на персоналниот состав на листите, односно ставањето на нив одредени лилчности како Лилјана Поповска која на претходните избори коалицираше со Груевски. Наводно партијата при составување на листите не ја консултирала градската организација, поради што Куновска отстапила од функцијата.
Сепак Куновска покрај оставката најави дека останува член на СДСМ и дека ќе даде придонес во кампањата.
На листите не се најдоа и други експонирани членови на СДСМ, меѓу кои и координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски.
СДСМ кандидатите за пратеници ги објави на 21 конгрес на партијата што се одржува во Скопје. Работата на конгресот се уште трае.
OhridNews