Полицијата поднесе кривична пријава притив управител на ЈСП Турс и претседателот на Управниот одбор на Македонија сообраќај за злоупотреба на службената положба и нелегално препродавале камп- приколки.
Директорот и претседателот на Управниот одбор нелегално купувале камп приколки стари 20 години за автокамп во Градиште во Охрид за цена повисока од пазарната. Приколките најпрво ги набавувал претседателот на управниот одбор за 71 илјада денари, односно за 18.000 денари по приколка, а потоа му ги препродал на директорот на ЈСП Турс за 1.200.000 денари. Директорот му исплатил на претседателот на управниот одбор и провизија за продадените приколки, за што немало никаков пишан документ.
Тие се сомничат и за други финансиски проневери со кои го оштетиле претпријатието за над 1.300.000 денари.
OhridNews