На 27 ноември оваа година, во полициската станица во Струга 42 годишен жителка на Тетово, пријавила казнено дело „одземање малолетник“ извршено од 18 одишно лице од Струга, кој, според пријавата, ја одзел нејзината малолетна ќерка од семејниот дом во Тетово.

Според пријавата, настанот се случил во текот на октомври оваа година во домот на пријавителката, кога пријавениот го искористил нејзиното одсуство и ја земал малолетничката, по што заминале во неговиот дом во Струга. По преземени мерки во координација со Центар за социјални работи и по насоки на Јавен обвинител, малолетничката е пронајдена и предадена на нејзината мајка. Против пријавениот полициската станица од Струга ќе поднесе кривична пријава за одземање малолетник. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews