Граѓани на неодамна асфалтираната и обележана улица „Даме Груев“, во близина на старото кино, незаконски поставиле блокатори за паркинг и столпчиња.

Случајот бил пријавен во надлежниот општински инспекторат кој денеска интервенираше и ги отстрани поставаните пречки на делот предвиден за паркинг на улицата.

Од инспекторатот додаваат дека самоволното поставување блокатори и столпчиња кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и движење на граѓаните, нема да се толерира и оти истите веднаш ќе видат отстранети, а против сторителите ќе следи соодветна пријава.

Отстранети незаконски поставени столпчиња на „Даме Груев“

Г.М.