„Охрид пред се!“ денес, во временски рок од 09:30 до 15:30 часот ги собра потребните 350 потписи за поднесување Независна листа на кандидати за советници во Советот на Општина Охрид за локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври оваа година.

Без лажна скромност, нашиот оптимизам беше голем и пред поднесувањето на нашата Изборна листа, но, сепак, Вие ги надминавте сите наши очекувања. Вие покажавте дека Охрид Ви е пред се! – соопштија попладнево од независната листа за советници  „Охрид пред се!“

OhridNews

„Охрид пред се“ ја поднесе својата независна листа на кандидати за советници