Независниот советник, Владо Цветкоски, е нов член на ВМРО Народна партија. Преминувањето на Цветкоски во ВМРО НП беше обеледонето на прес конференција.

– Оваа одлука ја донесов заради поуспешно функционирање на Советот. Јас сум дел од мнозинството на советот кое брои 14 советници и кои си поставија задача да работи во интерес на граѓаните и севкупниот развој на општината, рече новиот член на ВМРО НП, Владо Цветкоски.


Тој додаде дека неговото преминување во ВМРО НП Ќе придонесе за зацврстување на единството во самото мнозинство, со што ќе се спречат евентуалните мајоризации во советот.

Цветкоски истакна дека на локалните избори кандидатите од независната советничка листа, чиј носител беше тој, излегоа со програма чии основни заложби се слични со програмата на ВМРО НП што претствувало дополнителен поттик тој да премине во оваа партија.

Цветкоски денеска потпиша пристапница во ВМРО НП, а првите честитки ги доби од претседателот на општинскиот комитет на партијата Ванчо Костоски и советникот Јоне Станкоски.

На преминувањето на Цветкоски во ВМРО НП, реагираше ОК на ВМРО ДПМНЕ, чиј поранешен член беше овој советник:

„Имено не знаејќи го крајниот исход на локалните избори во Охрид, Цветкоски начелно го поддржа кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, па откако го увиде резултатот на изборите одлучи да се приклулчи кон онаа опција од која ќе има ќар. Нормално ВМРО НП и нејзиниот лидер Ванчо Костоски, кој е и добар соработник со градоначалникот Петрески се идеална опција за остварување на бизнис интересите на Цветкоски“, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.

Ohridnews