Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2011 година, во споредба со јануари 2011 година, е намален за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0.8% и Безалкохолни пијалаци за 0.5%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 0.6%.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0.6%.

OhridNews