Мечот на генерацијата вечерва ќе го одигра Македонија против Литванија во четвртфиналето на еуробаскетот. Составот на Марин Докузовски во досегшаниот дел од шампионатот покажа дека знае, дека умее и дека големото срце на „малиите “ Македонци може да реди победи.


По стартниот пораз од Црна Гора во продолженијата, се чинеше дека и на овој шампионат ќе бидеме, само еден од учесниците. Но, така не мислеа Антиќ и друштвото кое почнувајќи од Охрид во средината на јули се подготвуваше за овој собир.

Следуваше инфаркт победа над Хрватска, за враќање на самодовербата пред историскиот меч со Грција. Повеќе уплашени бевме ние крај малите екрани, отколку јунаците кои битката ја биеа на терен и успеаа да ја добијат со плус 14.


Македонија е во делириум, но време за одмор нема, паѓаат и Финците и “црвено-жолтите“ се во осминафиналето. Потврдата доаѓа по победата над БИХ, по која од Алтиус со огромни 4 бода се селиме во Вилнус.

Задоволни, но гладни за нов успех го дочекавме мечот со Грузија. Победа ни ја отвара вратата кон четвртфиналето. Натпревар на жица, кој го решава натурализираниот Бошко МеккејлеБОвски со положување на 0.02 пред крајот. Репрезентацијата е во четвртфиналето, Македонија е во транс. Следна оруќјето го положи Словенија, а селекторот Божидар Маљковиќ признава дека имале против себе состав кој во секој момент знаел што сака.


Најсериозниот тест е Русија. По шесте победи во низа “Александровата фаланга“ мораше да го положи оружјето. Уште една одиграна партија по ноти, но среќата ни го сврте грбот и ни ги скрши срцата. 

Да ги скрши срцата, но не и духот. Македонскиот непокор вечерва повторно ќе ја раздрма Европа и ќе покаже дека “Гоцевата раса“ е мала на карта но голема во душа.

Ни еден пораз не се брои, вие сте наши херои.

М.П.