Шпанскиот фудбал е пред голем скандал откако медиумите во Шпанија пласираа вест дека ни “Ла лига“ не останала имун на “штеловани“ натпревари.

– Пред натпреварот со Леванте тренерот нам ни одржа предавање и ни рече ако имаме водство до 85 минута ќе мора да примиме погодок до крајот мечот за резултатот да биде нерешен – се доверил еден од актерите на тој меч во шпанските медиуми.

Мрежата се развила до таму што тренерот на друг натпревар не знаел кој да го стави во игра и од кој да се плаши да не го “продаде“ мечот.

– Тешко е, незнам кој да го ставам во игра затоа што незнам кој тука примил пари. Во половина од фудбалерите не верувам, а ако место нив ставам млади фудбалери мене ќе ме обвинат за местење натпревари – рекол тренерот.

Еден од претседатели на клубовите сакал јавно да се искаже за местењето натпревари, но приказната веднаш била прикриена и заборавена.

Мх.П.