Барселона без Лионел Меси во составот потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Малага 1-0 во втората рунда од шпанскиот шампионат.

Во отсуство на Меси, требаше да биде Нејмар тој што ќе одведе Барселона до триумф, но тоа го направи Адријано со погодок во финишот од првото полувреме.

Втората рунда од „Ла Лига“ ќе се комплетира в понеделник со дуелот меѓу Гранада и Реал Мадрид.

Резултати : Малага – Барселона 0-1, Атлетико Мадрид – Рајо Ваљекано 5-0, Леванте – Севиља 0-0, Бетис – Селта Виго 1-2.

 

Мх.П.