Перо Антиќ, првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата, не доби можност да и се прес тави на домашната публика во Атланта, на натпреварот со Сан Антонио. Антиќ, минималниот пораз на својот тим од актуелниот вицепрвак во лигата, го гледаше од клупата.

Клај Корвер со 26 поени беше најефикасниот играч на Атланта, додека Сан Антонио го предводеше Тони Паркер со 17 поени. Следниот натпревар во претсезоната, Атланта ќе го одигра на домашен терен против Мемфис.
„Макфакс“










