Во мечот на деценијата кој се одржа во Москва, Владимир Кличко успеа да ги одбрани титулите во „WBA, IBF, WBO i IBO“ победувајќи го рускиот боксер Александар Повјеткин на поени.

Сите судии својот глас го дадоа за Украинецот, кој доминираше во целата борба. Својата сила Кличко ја покажа уште во втората рунда кога го „спружи“ Повјеткин.

Исто такво темпо Кличко наметна во седмата рунда кога на противникот му зазеде неколку чисти удари што резултираше со паѓање на подот.

Русинот ги здржа сите 12 рунди, но очигледна беше доминацијата на Кличко, кој во 64-от меч во професионалната кариера ја забележа 61-та победа.

Мх.П.