Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југо-источен правец не очекува во текот на денот. Во претпладневните часови, по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 22 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХМР, слично време со максимални дневни температури кои ќе се движат во интервал од 20 до 25 Целзиусови степени, не очекува утре и на почетокот од идната седмица.

OhridNews