Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална нестабилна облачност со дожд и грмежи, особено во западните и северозападните подрачја, информираат од УХМР.

Максималната дневна температура во Охрид денеска ќе достигне до 30 степени Целзиусови.

Променливо облачно, посвежо и нестабилно време, со локален дожд и грмежи, ќе се задржи и во наредните два дена. Во четврток претпладне на места се очекуваат врнежи од дожд, а попладне ќе преовладува сончево до умерено облачно време. Нова дестабилизација на времето се очекува во петок, за кога метеоролозите прогнозираат облачно време проследено со ветер и врнежи од дожд.
OhridNews