Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно време претпладне, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне до 4 степени Целзиусови. На повисоките места врнежите ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, информират од УХМР Македонија.

Врнежливо ќе биде и утре. Минималната температура ќе достигне до -2, а максималната дневна до 4 степени. Во недела ќе преовладува сончево до умерено облачно време со минимална температура до -9 и дневна до 7 степени Целзиусови.

OhridNews