По малото освежување вчера попладне, кое малку ја спушти температурата, веќе од денеска не очекува нов топлотен бран, кој ќе донесе жешко време. Охрид со температура од 30 степени Целзиусови, ќе биде меѓу најсвежите градови во земјава.
Наредните денови ќе биде уште потопло најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Извор: УХМР Македонија
Остануваат да важат основните препораки за заштита на населението, како што се избегнување на директна сончева изложеност, избегнување на престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, консумација на лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
На работодавците им се препорачува преземање превентивни мерки за вработените лица, кај одредени ризични производни и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници и почитување на законските прописи од оваа област.