По неколку неуспешни обиди да привлече познат хотелски бренд во Охрид, за што се бараа високи критериуми, Министерството за транспорт и врски деновиве распиша објава за јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија за изградба на хотел на атрактивната локација во Горица со почетна цена од едно евро за метар квадратен.
 
 – Вкупната површина на земјиштето изнесува 15.878 м2. Минимум услови што треба да ги исполни хотелот кој ќе се изгради се условите содржани во Правилникот за категоризација на угостителските објекти кој е усогласен со стандардите на Европската Унија и во кој се дефинирани условите кои треба да ги исполнува хотел од прва категорија со пет ѕвездички.-информираат од Министерството за транспорт и врски.

Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават до 26.10.2010 година до Министерството за транспорт и врски, а јавното наддавање ќе се одржи на 02.11.2010 година во 11.00 часот.

OhridNews