Прашање на време беше кога на еден пријателски меч на “дрим тимот“ ќе се разбуди главната ѕвезда Леброн Џејмс. Тоа се случи против европскиот првак Шпанија која беше декласирана со 100-78.


Во првиот дел кошот на Шпанија го полнеше Кармело Ентони додека во второто на сцена стапи “кралот“ Џејмс кој беше нерешлива енигма за шпанската одбрана постигнувајќи 25 поени. Најпрецизен во шпанскиот состав беше По Гасол со 19 кошеви

Мх.П.