– За краток период добивме 11. 000 играчи и стигнавме до топ 5 земји по бројност, но не и по јачина и затоа ни треба се повеќе заинтересирани. Во оваа држава секој претставува еден граѓанин, секој од нив работи во фирми за оружје ,камен , железо , куќи ,болници. Подоцна секој од нив може да отвори своја фирма за некој од предходно наведените бизниси и да може да биде војник и да се бори за Македонија. Може да биде во политичкиот живот, да биде дел од собранието, да гласа закони, да биде претседател на држава и итн, велат оние кои се дел од играта.
Тие додаваат дека во моментов во војна се Македонија ,Србија и Турција против Бугарија , Грција и Романија. До пред неколку дена имале освоено пола Бугарија и градот Софија, но потоа овие територии биле ослободени со востание, бидејќи немале многу парични средства.
Линкот на кој треба да се регистрираат новите играчи е http://www.erepublik.com/en/referrer/ivan.aka.friday