Поради големи интерес театарската претстава „Ни ваму, ни таму“ вечерва  повторно ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Претставата „Ни ваму, ни таму“ е заеднички проект на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа е современа приказна за една вечна македонска тема – македонското печалбарство. Претставува еден поинаков, посвеж и многу подуховит осврт на проблемот – да се оди НАДВОР или да се врати ДОМА?

Ни таму, ни ваму“- преку актерската игра, напати комична, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени заради лошото време го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Европски аеродром, го пренесува  емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници.

Во претставата играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа,  Стрезо Стаматовски и Никола Кумев.

Почетокот на претставата е во 18 и 20 часот, во малата сала на Центарот за култура. Цена на билетот 100 денари.

OhridNews