Вчеравечер по полноќ  во прилепскиот театар  како дел од придружната програма на фестивалот ,,Војдан Чернодрнси’’, се прикажуваше претставатата  „Ни ваму, ни таму” која е заеднички проект на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа.

Оваа претстава која е во продукција на Националната установа центар за култура „Григор Прличев” од Охрид и продукцијата „Видик” од Скопје е дел од оф-програмата на театарскиот фестивал заедно со уште 6 други театарски претстави од Македонија.

Станува збор за современа приказна за една вечна македонска тема – печалбарството. Ни таму, ни ваму“- преку комична актерска игра, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени заради лошото време, го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Европски аеродром и го пренесува  емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници.

Во претставата играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа и Стрезо Стаматовски.

OhridNews