Сензционален триумф на Нигерија над Грција со 80-79 во четвртфиналето од предолимпискиот турнир во Каркас.

Јунак во триумфот на африканската селекција беше Дагундуро кој постигна 14 поени, од кои пет во последните 30 секунди од мечот.

Поразот за грците беше крај на надежта дека може да обезбедат олимписка виза. Противник на Нигерија за пласман на Олимписките игри ќе биде селекцијата на Русија која беше подобра од Ангола.

М.П.