
Со гостите од Африка, на фестивалот ќе настапат 11 културно -уметнички друштва од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Турската Република Северен Кипар, Грција и Косово.
Манифестацијата ќе започне со големо дефиле на учесниците на фестивалот низ градот, а во рамките на фестивалот е предвидена и тематска изложба “Староградска македонска архитектура“ на авторот Марјан Ризовски.











