Актуелниот првак Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес и пилотот на Ферари Себастијан Фетел го имаат главниот збор кога се работи за финансиските примања во Формула 1 шампионатот.

Според новите податоци кои излегоа во пресрет на новата сезона, Хамилтон ќе заработува неверојатни 48 милиони евра. Со шест милиони евра помалку втор на листата е Германецот Фетел.

Далеку зад нив двајца на третото место е Даниел Рикардо во Рено, кој ќе добие 18 милиони, а значително зголемување на платата добиваат и Шарл Леклер во Ферари (9 милиони евра) и Макс Ферстапен во Ред бул (16 милиони евра).

Од другата страна, Антонио Џовинаци во Алфа Ромео и Џорџ Расел од Вилијамс ќе бидат најслабоплатените возачи, тие ќе добијат „скромни“ 200.000 евра.

Новата сезона во Ф1 циркузот стартува на 15 март со трката во Мелбурн за големата награда на Австралија.

OhridNews