Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен е во потрага по нов тренер откако хрватскиот стручњак Нико Коваќ доби карта во еден правец од клупската управа. На Коваќ му пресуди поразот (5-1) во Франкфурт од тимот на Ајнтрахт.

  • Мислам дека одлуката на клубот е исправна. Резултатите и начинот на кој игравме последниов период ја доведоа оваа одлука. Јас и мојот брат Роберт сакаме да му се заблагодариме на Баерн Минхен за шансата и прекрасните 18 месеци. За тоа време поминато екипата ја освои титулата во Бундес лигата, Купот на Германија и Супер купот. – изјави Коваќ.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ смета дека тренерската промена треба да позитивно да делува на фудбалерите и атмосферата во клубот.

  • Сега очекувам позитивен напредок на нашите фудбалер. Во екипата сакам да се врати мотивацијата бидејќи квалитет има. Очекувам исполнување на нашите цели оваа сезона. – изјави Салихамиџиќ.

Управата на клубот ја започна потрагата по нов тренер а помеѓу кандидатите се споменуваат Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.

ОhridNews