Возачот на „Мерцедес“, Германецот Нико Розберг триумфираше на првата трка од светското првенство во Формула 1, која утрово се возеше во Мелбурн, Австралија. Розберг кој стартуваше како трет од пол позицијата, поведе во трката од самиот старт и не ја испушти првата позиција до крајот.

На премиерната трка од новиот шампионат со кој започнува турбо ерата во Формула 1, место на подиумот обезбедија и миленикот на домашната публика Даниел Рикардо од Австралија на „Ред Бул“ и возачот на „Мекларен Мерцедес“ Кевин Магнусен од Данска, кому ова му беше дебитантска трка во Формула 1.

Трката ја завршија само 14 пилоти, а меѓу тие кои не стигнаа до целта беа актуелниот шампион Себастијан Фетел и екс првакот Луис Хамилтон.

Втората трка од Ф1 шампионатот ќе се вози за две недели во Малезија.

Г.М.