Годинешните кумови на Водици Јован и Климе Лотески, од кои потекна иницијативата, крстија триесетина верници.
-Годинава како кумови предложивме да се направи групно кршевање и милo ни е што тоа наиде на голем интерес. Верниците кои беа крстени беа на различна возраст, имаше од 4 до 70 години. На самиот ден имаше уште дваесет други заинтересирани што сакаа да се крстат, но тие не беа пријавени претходниот ден како што се бараше, а се заради тоа што требаше да се направат неопходни подготовки и да се добие дозвола од црквата, изјави за OhridNews, Климе Лотески,. Тој изрази надеж дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина за што веќе имало интерес кај верниците.
Меѓу повозрасните христијански верници кои беа крстени во Охридското Езеро беше и Милован Србиноски. Тој вели дека никогаш не е доцна да се изврши чинот кој треба да го направи секој Христијанин.