Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан (51), кој последниот натпревар во НБА лигата го одигра пред 11 години, и натаму е најпопуларен спортист во САД, објави Sports Business Journal.


Џордан го зазеде првото место во најновата анкета пред квотербекот на Денвер Бронкос, Пејтон Менинг, кошаркарот на Мајами Хитс Леброн Џејмс и неговиот колега од Л.А. Лејкерс, Кобе Брајант и голферот Тајгер Вудс.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мохамед Али се најде на 12 место, а најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс е на 19 позиција.

 

„Макфакс“