Арсенал ја совлада Барселона со 2-1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампиони. “Топџиите“ усепеаа негативата од првиот период да ја завртат во своја корист и на крајот да се радуваат на триумф над шпанската машинерија.


По половина час игра Давид Виља го отвори резултатот навестувајќи го триумфот на “блауграната“. Сето она што избраниците на Гвардиола го креираа во  осумдесет минути го срушија во последните десет.

Прво Ван Перси, а потоа и Аршавин ја затресоа мрежата на Валдез за голема победа на Арсенал.