Jazz Inn

Од 16.06.2023 - 22:00 до 17.06.2023 - 01:00

Во петок, на 16 јуни 2023, со почеток во 22:00 часот во култниот џез клуб Jazz Inn, целовечерен концерт ќе одржи квартетот на Никола Бочваров.

Никола Бочваров е дипломиран контра-басист при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, оддел за популарни жанрови, додека џез едукација има стекнато на “Franz Schubert Konservatorium” во Виена.

Покрај изведувачките способности во многу инструментални состави (Groovy Loons, OffGround Ansamble, Bramha Trio, Иван Иванов квартет, Леана Таќи квартет, Симон Киселички трио и др) , како и вокално – инструментални поп /рок состави (Калиопи, Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Каролина Гочева, Миза … ), Никола го препознаваме како композитор и/или бенд – лидер (Атом, Калап, Антиарт, Musaiq, Блаблабла, Bramha Amity).

Покран него во квартетот учествуваат и Александар Ванчовски – тапани, Иван Петровски – гитара и Стефан Алексовски – клавијатури.

Стефан е повеќепати наградуван пијанист, дипломиран при Факултетот за Музичка Уметност во Скопје. Иако млад, веќе со големо искуство позади себе како постојан член на повеќе состави од различни жанрови (Суперхикс, Дина Јашари, Калата, Musaiq и др.)

Иван Петровски е еден од најмаркантните гитаристи од новиот бран во Скопје. Дипломиран на Факултетот за Музичка уметност во Скопје, отсек аранжирање. Докажан бенд – лидер ( D.S.H. ) и постојан член на повеќе состави (Musaiq, OffGround Ansamble , 3јест, Лилит, Peach Vice и др.). Добитник на најпрестижната награда “Златен Орикс ” од Скопје Џез Фестивал за најдобар џез гитарист за 2020 година.

Александар Ванчовски е дипломиран перкусионист при Факултетот за Музичка Уметност – Штип, отсек џез. Еден од најпроминентните музичари во Македонија, бенд- лидер на составите “Bramha Trio“ и “3ject” и член на повеќе состави (Musaiq , Максимовски Јунајтед, Џоле Грујевски Трио, Симон Киселички трио и др.).

Александар беше избран за најдобар млад музичар при фестивалот Џез Фактори – Битола за 2020год.

Новиот албум на Бочваров “Гласна Тишина“, е најдобар опис за неговата креативност, стручност, компетентност, како и сведок за долгогодишото негово искуство и е едно од поголемите негови уметнички достигнувања.

OhridNews