Гласач со име Никола Груевски е на Избирачкиот список во петтата област во главниот град на Унгарија Будимпешта за неделните локални избори, пишува унгарскиот портал 24.hu.

Податоците за гласачот се некомплетни, недостасува адресата на живеење, но името, презимето и  возраста – 49 години, одговараат на поранешниот македонски премиер, пренесува унгарскиот портал.

Груевски, против кого во земјава се водат неколку судски постапки за злоупотреба на службената положба, минатата година избега од Македонија во Унгарија каде побара политички азил.

OhridNews

Извор: 24.hu