После повредата на окото и отсуството од селекцијата на Велко Маркоски товарот во одбраната во македонскта селекција мора да го изнесе неговиот брат, Никола Маркоски. Ракометарот на Еурофарм Работни, Маркоски подготвен е за предизвикот во претстојните дуели со Чешка и следниот со Австрија после воведниот триумф над Украина.

Има што да промениме и подобриме во нашата игра во однос средбата со Украина. Но многу е важно што сите ние сме подготвени за предизвиците кои ни следуваат. Мислам дека одбраната ќе го одлучи победникот. Селекцијата која ќе прими помалку голови односно дозволи лесни голови ќе изгуби. Велко е нашиот столб во одбраната, но мора да играме без и за него. Тешко е да се гледа на телевизија, а си бил во плановите на селекоторот. – изјави Маркоски.

Македонските ракометари на неколку часа пред натпреварот со Чешка добија поддршка од поранешните репрезентативци Пепи Манасков, Филип Лазаров и Ацо Јоновски кои ја посетија базата во Виена.

Мх.П.

OhridNews во Виена: Пепи Манасков, Ацо Јоновски и Филип Лазаров голема поддршка за „црвено жолтите“ (обновено)