Македонските ракометари во пресрет на натпреварот со Чешка на Европското првенство добија голема поддршка, откако во хотелот ги посетија поранешните репрезентативци Ацо Јоновски и Филип Лазаров. Двоецот долги години го носеше дресот на македонската ракометна репрезентација и имаа што да им кажат на ракометари со помало искуство.

  • Поддршката во вакви мигови за ракометарите е повеќе од потребна. Ние игравме и знаевме како е кога ќе дојде некој и ти пружи поддршка. Добро е што низ муабет ќе ја „одбегнеш“ темата ракомет и ќе можеш мирно и со бистра глава да го дочекаш почетокот на натпреварот. – коментираа Јоновски и Лазаров.

Вториот натпревар на ЕП, Македонија го игра денеска против Чешка во 16 часот. Со триумф над старите должници од СП во Хрватска, нашата селекција во голема мера со сигурност ќе обезбеди пласман во главната фаза од континентаниот собир.

Мх.П.