Спрскиот интернационалец Никола Јокиќ кој го носи дресот на Денвер Нагетс се закити со претстижното признание најкорисен кошаркар (МВП) во НБА лигата.

МВП наградата замина во прави раце, бидејќи популарниот „Џокер“ брилираше од почетокот од крајот на сезоната во регуларниот дел. Јокиќ е трет европеец кој ја освојува оваа награда. Претходно за најдобри европски кошаркари во НБА лигата беа прогласувани Дирк Новицки (Германија) и Јанис Адетокумпо.

Јокиќ во мечевите од регуларниот дел сезоната имаше учинок од 26.4 поени, 10.8 скокови и 8.3 асистенции по натпревар. Ривали на Јокиќ во финалната битка за МВП награда беа Стеф Кари и Џоел Ембид.

 

OhridNews