Актуелни охридски и туристички теми како и низа животни ситуации со кои се соочуваме во секојдневието, спакувани во едно исклучително креативно и динамично издание, имаше можност да види публиката која вчеравечер го проследи шоуто „Делириум“ на најдобриот машки стендап комичар во земјава, Никола Тодороски.
На уникатен и карактеристичен начин, околу час и половина, Тодороски буквално владееше со вниманието на публиката, која со бројни аплаузи и бурни овации ги награди најинтересните делови од неговиот најнов стандап материјал.
Специјални гости на шоуто беа стандап комичарот Иван Кирков од Бугарија и младиот комичар Кристијан Танчевски од Битола.
Поради големиот интерес, стендап шоуто „ДЕЛИРИУМ“ репризно ќе биде прикажано во понеделник, 25.08.2014 година во Центарот за култура со почеток во 21 часот. Влезниците за шоуто по во продажба ќе бидат пуштени во сабота.
OhridNews
Фото: Емилио