Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Никола Тодоров, писмено го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека се откажува од пратеничката функција. Причина за тоа била желбата да се посвети на адвокатурата и функцијата во партијата.

Тодоров, инаку правник по професија, во владата на Никола Груевски беше министер за образование и за здравство. Тој е член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ

OhridNews