Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Изразено во бројки тоа значи дека на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија, на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија, на 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија, на 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија, на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија, на 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија, на 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија, на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови, соопшти министерот за транспорт Николоски.
Воедно тој најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.
OhridNews











